Google во 2016. година ја објави својата VR платформа под името Daydream, а компанијата дури претстави и сопствена View кацига, што ја ажурираше една година подоцна. Апликациите стануваа постепено достапни за платформата, до моментот кога многу од нив престанаа да бидат ажурирани или целосно ја изгубија поддршката за Daydream.

Стана јасно дека Google во целост престанал да биде заинтересиран за платформата, сега тоа е официјализирано преку соопштение.

Откако официјално ја укина Play Movies & TV апликацијата за Daydream во јуни минатата година, и откако ја изгуби поддршката за Hulu пред околу една година, Google сега официјално објави дека платформата е изгасена. Компанијата потврди дека повеќе нема да го ажурира софтверот и дека Daydream воопшто нема ни да работи на Android 11. Екстерните апликации би можеле да продолжат да работат со кацига (која повеќе не е достапна за купување), но нема да бидат ажурирани.

Иако виртуелната реалност е забавна, поголем дел од луѓето веројатно не гледаа причина зошто би се купувала кацига и компатибилни апликации само за куќна употреба, што е и најголема причина поради која Google одлучи да престане со поддршка за Daydream.