Топлите временски услови во западна Грција создадоа спектакуларна и малку страшна глетка: пајакова мрежа долга околу 300 метри.

Огромна површина со тревна вегетација и палми во лагуната во местото Аитолико е покриена со пајажина, пренесува порталот Daily Hellas. Жителите велат дека ваков феномен досега не виделе.

Експертите објаснуваат дека станува збор за сезонски феномен кој го предизвикуваат пајаците од видот тетрагната, кои можат да изградат големи гнезда за парење.

Се верува дека драстичното зголемување на популацијата на пајаци придонело и за брзо зголемување на бројот на комарци. Професорката по биологија и генетика на Универзитетот Демокрит, Марија Цацаки, изјавила за грчките медиуми дека високите температури, влагата и изобилството на храна создаваат идеални услови за размножување на овој вид пајаци.

„Се чини дека пајаците ги користат поволните услови и се забавуваат. Тие се парат, размножуваат и создаваат нова генерација“, рече таа.

„Овие пајаци не се опасни за луѓето и не предизвикуваат штета на растенијата. Сепак, како што температурата опаѓа тие ќе исчезнуваат“, заклучила професорката.