Gorilla Glass Victus беше лансиран пред околу една и пол година и оттогаш се користи на повеќето паметни телефони од висока и премиум класа. Новите информации сугерираат дека Galaxy S22 линијата би можела да пристигне со ажурирано Gorilla Glass Victus+ стакло, што веројатно ќе понуди подобри перформанси и малку поголема заштита во случај на пад.
Според дојавувачот Ice Universe, сите три Galaxy S22 уреди, составени од стандардните флегшип модели Galaxy S22, Galaxy S22 Plus и Galaxy S22 Ultra, ќе бидат лансирани со ажуриран Gorilla Glass Victus+ панел. Твитот не потврдува дали стаклото ќе се користи на предната, задната страна или можеби на двете страни.
S22/S22+/S22 Ultra
ALL
Gorilla glass victus +— Ice universe (@UniverseIce) January 14, 2022
Galaxy S21 и Galaxy S21 Plus беа флегшип премиум уреди, но Samsung ги лансираше со пластични задни панели. Доколку компанијата одлучи да нанесе Gorilla Glass Victus+ стаклена плоча на задната страна, тоа веројатно ќе донесе малку поголема тежина на уредот и ќе донесе премиум чувство во рака. Во рамките на S21 линијата, единствено Galaxy S21 Ultra беше објавен со Victus стакло на предната и задната страна.
Во моментов има многу контроверзни гласини за новиот Exynos 2200 чипсет, кој би требало да ја покренува новата Galaxy S22 серија во многу региони. Неодамна објавениот Snapdragon 8 Gen 1 чип најверојатно ќе ги покренува Galaxy S22 уредите, што ќе се продаваат во Северна Америка и Кина. Иако немаме никакви официјални информации за датумот на објавување на новите смартфони, неофицијалните сугерираат дека тоа би можело да се случи веќе на 8. февруари.
Изгледа дека Samsung ќе го одржи Galaxy Unpacked 2022 на 8. феврури
Поврзани артикли