Меѓународното истражување на потенцијални домаќини на нови вируси кои би можеле да предизвикаат идни пандемии, на долг рок, би можело да заштеди многу пари кои пак би можеле да се инвестираат во спасување животи.

Меѓународна студија предводена од научници од Универзитетот Џорџтаун ја покажа моќта на вештачката интелигенција во предвидувањето кои вируси би можеле да ги инфицираат луѓето, како што е вирусот SARS-CoV-2 одговорен за пандемијата Ковид-19, во кои животни би можеле да се наоѓаат и каде би можеле тие вируси да се појават.

Во студијата објавена во научното списание The Lancet Microbe е ансамбл од предвидливи модели на потенцијални преносители. Моделите биле потврдени во 18-месечен проект за идентификација на специфични видови лилјаци кои најверојатно можат да пренесуваат бетакоронавирус, група вируси кои вклучува вируси како САРС.

-Ако сакате да ги пронајдете овие вируси, треба да започнете со профилирање на нивните домаќини, нивното живеалиште, нивната еволуција, па дури и обликот на нивните крилја, објаснува Колин Карлсон, еден од авторите на студијата од Универзитетот во Џорџтаун.

-Вештачката интелигенција ни овозможува да земеме податоци за лилјаците и да ги претвориме во конкретни предвидувања: каде треба да гледаме на појава на нов САРС, додава Карлсон.

И покрај глобалните инвестиции во контрола на болестите, останува тешко да се идентификуваат и следат резерватите на дивиот свет и вирусите кои еден ден би можеле да се пренесат на луѓето. Една нова студија сугерира дека потрагата по тесно поврзани вируси би можела да биде нетривијална, бидејќи се проценува дека околу 400 видови лилјаци ширум светот имаат бетакоронавирус. Ова е голема група на вируси која вклучува вируси одговорни за САРС-КоВ (2002-2004) и САРС-КоВ-2, поради кој моментално сме во пандемија на болеста Ковид-19.

Ковис-19 даде поттик да се забрза ова истражување, тврди Грег Албери од Универзитетот Џорџтаун. Ова е навистина ретка можност. Надвор од пандемија, никогаш не сме научиле толку многу за вирусите за толку краток временски период. Една деценија истражување е сумирана во околу една година студија, што значи дека всушност можеме да покажеме дека овие алатки функционираат, вели тој.

Во првиот квартал од 2020 година, тим од научници практикуваше осум различни статистички модели кои предвидуваа кои животински видови би можеле да бидат домаќини на бета-коронавирусите. Повеќе од една година, тимот го следеше откривањето на 40 нови лилјаци домаќини на бета-коронавирус за да ги потврди првичните предвидувања и динамично да ги надгради нивните модели.

Откриле дека моделите кои користат податоци за живеалиштата на лилјаците и еволуцијата функционираат исклучително добро во предвидувањето на новите домаќини, за разлика од најсовремените модели кои користат мрежна наука и математика на високо ниво.

По идентификувањето на потенцијалните домаќини, следниот чекор е да се инвестира во следење и разбирање каде и кога бета-коронавирусите би можеле да се пренесат на луѓето, вели Даниел Бекер од Универзитетот во Оклахома.

Карлсон додава дека неговиот тим сега соработува со други научници ширум светот за да тестира примероци од лилјаци на коронавирус и врз основа на предвидувањата на нивните модели.

Ако потрошиме малку пари и ресурси во потрага по овие вируси, можеме сите тие ресурси да ги насочиме кон работи кои всушност би спасиле животи во иднина. Можеме да инвестираме во развојот на универзални вакцини кои ги таргетираат овие вируси или во надзор на областите каде што луѓе живеат во близина на лилјаци. Тоа е вин-вин за науката и јавното здравје, истакнува Карлсон.

Извор: Zimo.hr