Кина за само пет и пол часа изгради железничката пруга во должина од 37,9 километри во провинцијата Фуџен на југоистокот на земјата. Околу илјада работници ги замениле шините на трасата долга 37 километри, по која ќе се движат возовите со брзина од 200 километри на час.

Пругата е дел од железничката линија на југоистокот на Кина. Таа ги спојува градовите Nанпинг и Лонгјанг. Место да патуваат седум часа, патниците од еден до друг град во привинцијата Фуџен ќе стигнуваат за само 90 минути.