Се чини дека Samsung е подготвен за претставување на Galaxy S22 серијата следниот месец. Со се поголем број информации, секој ден се повеќе учиме за претстојните флегшип модели на Samsung. Пред неколку дена видовме голем број прес-рендери со висока резолуција, а сега имаме уште неколку информации за уредите. Според извештајот од докажаниот сајт за рани информации Sammobile, Galaxy S22 серијата ќе го има еден од најдобрите екрани кај водечките паметни телефони во 2022 година.
Извештајот е заснован на документи за евалуација нарачани од производителот на екраните. Се наведува дека S22 Plus и S22 Ultra ќе имаат екрани кои ќе можат да постигнат нивоа на осветленост повисоки од претходно. Според извештајот, S22+ и S22 Ultra ќе можат да постигнат 1.750 нита максимална осветленост со автоматскиот режим и 1.500 нита со оневозможен автоматски режим.
Galaxy S22 – 1300 нита
Galaxy S22+ – 1.750 нита
Galaxy S22 Ultra – 1.750 нита
Покрај тоа, извештајот тврди и дека екранот ќе нуди „фантастичен“ сооднос на контраст. Ќе нуди 100 проценти на DCI-P3 покриеност на бои. S22+ ќе има екран од 6,55 инчи, додека S22 Ultra се очекува да има екран од 6,81 инчи. Конечно, во извештајот се наведува дека стандардниот S22 ќе нуди 1.300 нита осветлување.