Неодамна на Twitter дојавувачот Ice Universe објави информација дека следниот премиум телефон на Samsung ќе го носи името Galaxy S20, а не Galaxy S11. Ice Universe сега ја потврди оваа информација.

Преименувањето на линијата има смисла, бидејќи 2020. година означува почеток на нова деценија и нејзиното обележување со новата Galaxy S20 линија ќе ја издвои наредната премиум серија на Samsung, посебно кога ќе се спореди со Galaxy S10.

Се очекува дека Samsung со Galaxy S20 линијата телефони ќе го понуди најдоброто што го има во моментов. Се верува дека ќе постојат барем три различни уреди, а најверојатно и четири. Телефоните ќе користат Exynos 990 чипсет на некои пазари и Snapdragon 865 процесор на некои пазари, ќе имаат поголеми батерии од своите претходници, а ќе бидат официјализирани на 11. февруари. Новите смартфони би требало да се најдат во продажба една недела подоцна, на 18. февруари.

Galaxy S20 и Galaxy S20+ би требало да имаат систем со четири камери на задната страна, со 108MP главен сензор кој овозможува 12MP фотографии. Тука се ио телефото камерите (со 48MP сензор) и ултраширока камера. Кога е во прашање екранот, Samsung ќе имплементира стапка на освежување од 120Hz.

Во одвоен твит, Ice Universe сугерира три модели за премиум линијата на Samsung за оваа година: Galaxy S20, S20+ и најсилниот премиум модел. Според неговите сознанија, нема да постои S20e, туку наместо него основниот модел ќе биде S20, потоа следува S20+ и на крајот S20 Ultra. Сепак, во овој момент е можно S20 Ultra да не биде конечното име на телефонот.