Се чини дека Apple конечно е подготвен да да понуди „нова“ форма за селфи камерата. Извештајот дека iPhone 14 од 2022 година ќе пристигне со отвор на екранот наместо засек не е нова, но најновата информација има посебна тежина бидејќи доаѓа од доверливиот дојавувач на Apple, Марк Гурман. Во своето последно издание на билтенот Power On, Гурман рече дека Apple сака да имплементира засек во форма на пилула за предната камера на iPhone 14 Pro моделите.
Моментно, начинот на кој работи Face ID е тоа што ги содржи сите потребни сензори, како што се илуминатор, селфи камера, IR blaster, се во еден малку поголем исечок. Но, се чини дека Apple сака да го отстрани дотичниот во iPhone 14 серијата . Се чини дека Apple сака да ги задржи Face ID сензорите и да не се префрла на скенер за отпечатоци под екранот. Значи, за да го задржи Face ID и да го зголеми просторот на екранот, Apple сака да имплементира засек во облик на пилула за предната камера, како и Face ID сензори.
Поврзани артикли