Во текот на изминатите 10 години, морталитетот на пешачки премин расте со брзо темпо.

Новиот извештај на Здружението за безбедност на сообраќајот на патиштата (GHSA) покажува дека бројот на загинати пешаци во САД достигнал највисоко ниво во последниве 30 години. Според организацијата, проблемот е глобален и не се однесува само на Америка.

Повеќето смртни случаи се случуваат во темниот дел на денот и далеку од крстосниците. Од 2008 до 2017 година, бројот на загинати пешаци во текот на ноќта е зголемен за околу 45%. За споредба, жртвите во текот на денот за истиот период се зголемиле за 11%.

Според Здружението, една од главните причини за огромниот пораст на смртните случаи се паметните телефони. Тие се користат не само од пешаците, туку и од самите возачи. Нивната континуирана употреба постепено се зголемува од 2009 година, главно поради развојот на социјалните мрежи. Токму тоа го одвлекува вниманието од она што се случува на патот и води до фатални несреќи.

Друга причина за зголемувањето на смртноста на пешаците е зголемувањето на продажбата на SUV и кросовер возила. Статистиката покажува дека само во САД инцидентите со пешаци, удрени од таков тип автомобили и завршиле фатално, се зголемиле за 50% за периодот 2013-2017 година

Статистиката покажува дека шансите на човек удрен од теренец да преживее, се многу помали од оние при удар од стандарден автомобил. Поради поголемите димензии, овој тип автомобили удираат во главата и телото на пешакот кој го пресекува патот што нанесува и посериозни повреди. Ова значи дека не само брзината на автомобилот, туку и неговата големина е основен факт за смртноста на пешаците.

Извор: Додај Гас