Научниците идентификуваа антитела кои ги таргетираат непроменетите делови на коронавирусот, кој продолжува да мутира и еволуира, а откритието претставува промена што може да доведе до нови третмани насочени кон неутрализирање на омикрон и други потенцијални нови соеви.
Идентификувањето на таквите „широко неутрализирачки“ антитела кои му помагаат на вирусот да навлезе во човечките клетки, може да помогне да се направат подобри вакцини и антитела кои ќе бидат поефикасни, не само против омикрон, туку и против кој било вид, рече Дејвид Веслер од школата за медицина на Универзитетот во Вашингтон.
Досега студиите покажаа дека омикрон има 37 мутации, што делумно објаснува зошто овој вид успеал да се шири и да ги заразува луѓето кои биле ревакцинирани толку брзо, како и оние кои веќе имале ковид.
Поврзани артикли