Иако технолошкото решение сè уште не е официјално објавено, се чини дека автомобилите на Tesla научиле да го следат степенот на абење на гумите во реално простор и време

Веста ја објавија уредниците на порталот Drive Tesla Canada, врз основа на дојава од следбеници.

Најновиот сет на софтверски освежувања, кој е во функција со возилата на Tesla, вклучува и функција која го следи нивото на амортизација на гумите. За разлика од системот за следење на притисокот во гумите, овде присуството на посебни сензори или други слични дополнителни компоненти не е потребно. Напротив, стапката на амортизација се следи преку брзината на вртење на гумата. Иновацијата ја забележале сопственици на Tesla, откако ја инсталирале новата верзија на програмата.

Како што шарата на гумата се троши, гумата станува нешто помала во дијаметар, што е невидливо со голо око. Сепак, електрониката со висока прецизност може да го одреди абењето според брзината на вртење на тркалото – истрошената гума станува не само нешто помала во дијаметар, туку и полесна, поради што тркалото почнува да се ротира побрзо од другите три. Штом брзината на тркалата надмине одреден праг, Tesla прикажува предупредување на екранот на мултимедијалниот систем.

За да не се меша истрошената шара со губење на притисокот во гумите, системот го зема предвид и статусот што го следат сензорите за притисок во гумите. Ако нивните отчитувања се исти, тогаш разликата во ротацијата на тркалата е предизвикана токму од абењето на гумите.

По ажурирањето на софтверот на Tesla за возила произведени во 2019 година или некоја подоцнежна година, тие добиле и функција на мегафон. Поради спецификите на решението, системот ќе работи само на електрични автомобили кои имаат надворешен звучник кој емитува звучни предупредувања до пешаците при мала брзина. Мегафонот функционира како звучник, малку менувајќи го звукот на гласот со специјални ефекти.