Богатството на сопственикот на компанијата „Тесла“ – Илон Маск, на крајот на минатата недела се зголеми за 9,9 милијарди долари, објави „Форбс“.

Тоа, како резултат на растот на вредноста на акциите на „Тесла“. И, во овој миг, вкупното богатство на Маск изнесува 165,9 милијарди долари. Тој, инаку, сѐ уште е трет на списокот милијардери на „Форбс“.

Акциите на Тесла се зголемија за 7,8 отсто на крајот на минатата недела, иако во петокот паднаа за 1,17 отсто. Според наводите, наглиот пораст на хартиите од вредност на компанијата е поврзан со општиот оптимизам на пазарот откако претседателот на државата и двопартиската група сенатори постигнаа првичен договор за „инфраструктурен пакет“ од околу 1,2 трилиони долари.