Сателитската интернет мрежа Starlink, која е во сопственост на SpaceX, претрпе тежок удар бидејќи геомагнетската бура уништила 40 сателити.

Штетата скапо ќе ја чини компанијата SpaceX и нејзиниот директор Елон Маск, бидејќи геомагнетската бура уништила 40 од 49 Starlink сателити лансирани на 3 февруари.

Геомагнетската бура била 50 проценти посилна во однос на претходните лансирања и ги спречи сателитите да дојдат во соодветна орбита околу Земјата. И додека Starlink се обидуваше да ги натера сателитите да летаат преку работ за да се намали отпорот, се смета дека 40 ќе согорат во атмосферата на Земјата наместо да стигнат до нивните дестинации.

SpaceX неодамна ја надмина границата од 2.000 лансирани сателити, а планира да лансира уште 12.000, ако не и повеќе. Загубата на 40 сателити можеби не е огромен проблем, но сепак е скапа бидејќи повеќето сателити лансирани со ракетата Falcon 9 се сепак отпишани.