Во споредба со Android смартфоните, iPhone моделите имаат помалку RAM. Се очекува дека од наредната година ќе имаат повеќе меморија.
Годинашната iPhone 13 Pro серија има 6GB RAM, а тоа е најмногу меморија која Apple ја имплементираше во некој iPhone досега. Тоа може да се промени со iPhone 14 Pro серијата, за која се очекува дека ќе има 8GB RAM.
Ова го сугерира аналитичарот Џеф Пу, кој истакнува дека iPhone 14 Pro и iPhone Pro Max ќе имаат 8GB работна меморија.
Според гласините, iPhone 14 Pro и iPhone Pro Max ќе имаат 8 GB интерна меморија.
Не се споменува капацитетот на RAM меморијата за стандардните iPhone 14 модели, кои би можеле да задржат 4GB RAM или меморијата би можела да биде зголемена на 6GB.
Со оглед на тоа што Apple го контролира и хардверот и софтверот на своите iPhone уреди, помалата меморија во однос на Android телефоните нема да претставува проблем, бидејќи софтверот ќе биде оптимизиран.
Извор: B92.net
Поврзани артикли