Во еден зафрлен крај на Земјата, скриена некаде на далечниот австралиски остров Тасманија, чудна градба ќе сведочи и ќе го регистрира крајот на светот.

Проектот, наречен Earth’s Black Box, е огромна челична инсталација, која наскоро ќе биде исполнета со хард дискови на соларна енергија, а секој од нив документира и складира серија научни ажурирања и анализи во реално време на најмрачните проблеми со кои се соочува светот.

Информациите поврзани со климатските промени, истребувањето на видовите, загадувањето на животната средина и влијанијата врз здравјето ќе бидат евидентирани во монолитната структура, така што ако идното општество ја открие архивата еден ден, ќе може да го сложи мозаикот за она што се случило со нашата планета.

„Доколку драматично не го промениме нашиот начин на живот, климатските промени и другите опасности предизвикани од човекот ќе доведат до колапс на нашата цивилизација“, објаснето на е на веб-страницата за Earth’s Black Box.

„Црната кутија на Земјата ќе го регистрира секој наш чекор кон оваа катастрофа. Стотици збирки на податоци, мерења и интеракции поврзани со здравјето на нашата планета континуирано ќе се собираат и безбедно ќе се складираат за идните генерации“.

На некој начин, кутијата, која го евоцира бруталниот дизајн на познатиот норвешки „Суден ден“, всушност служи донекаде комплементарна цел.

Иако некои сакаат да ја омаловажат Earth’s Black Box како ПР потег дизајниран да го привлече вниманието на луѓето – наспроти сериозен проект за научна документација – нема сомнеж дека на светот итно му треба свртување повеќе внимание и преземање повеќе мерки по овие прашања.