На пазарот на флексибилни смартфони убедливо доминира Samsung, но ситуацијата наскоро би можела да се промени бидејќи конкуренцијата ќе се засили. Oppo неодамна го претстави својот преклопен смартфон Find N, со кој новинарите кои имаа можност да го прегледаат се прилично задоволни.
Наскоро можеме да го очекуваме и првиот флексибилен модел на Honor. Кинеската компанија на социјалните мрежи ги потврди гласините кои кружат на мрежата, според кои подготвуваат уред со кој ќе се борат против моделите како Galaxy Z Fold на Samsung.
Според објавата на Твитер, нивниот уред на преклоп ќе се вика Honor Magic V и фотографијата сугерира дека неговиот дизајн ќе биде сличен на гореспоменатите Fold и Oppо Find. Ќе се работи за уред чиј надворешен екран ќе се користи како класичен смартфон, но ќе може да се отвора при што двата внатрешни екрани ќе се претворат во таблет. Треба да се нагласи дека во оваа објава се споменува „foldable flegship“, па така Honor подготвува модел со акцент не само на флексибилноста на екранот, туку и на врвните перформанси.
Гласините велат дека можеме да очекуваме надворешен екран од 6,45 инчи, a кога ќе се отвори, дисплеј од 8,03 инчи, покренуван од чипсетот Snapdragon 8 Gen 1 на Qualcomm. Датумот на лансирање е непознат, но Android Central верува дека тоа би можело да биде многу брзо.