Новиот паметен телефон Nokia 7.1 нуди голем број подобрувања, вклучувајќи 5,84-инчен PureDisplay дисплеј со резолуција од 2280×1080 пиксели.

HMD Global официјално го претстави наследникот на минатогодишната Nokia 7 на специјален настан што се одржа во Лондон. Новиот паметен телефон нуди голем број подобрувања, вклучувајќи 5,84-инчен PureDisplay дисплеј со резолуција од 2280×1080 пиксели. Екранот е со сооднос 19:9 со густина од 432ppi. Nokia 7.1 (2018) вклучува поддршка за HDR10 видео и е способен за конвертирање на вашата мултимедијална содржина во формат HDR. Ова се должи на посебен мотор во процесорот Qualcomm Snadpragon 636.

Функцијата е развиена со Pixelworks. Уредот се приклучува на трендот кај паметните телефони, кои имаат „исечени“ дисплеи со Notch засек на врвот. Nokia 7.1 (2018) нуди многу дополнителни опции за прилагодување на начинот на кој екранот работи за да се обезбеди максимално траење на батеријата. Во задниот дел има двојна комера. Главниот сензор е со резолуција од 12 мегапиксели и е произведена од Zeiss. Достапен е и втор Depth Sensor објектив, вели PocketNow.

Предната има објектив со зум од 8 мегапиксели, кој нуди можност да фотографирате со ефект Bothie и видео од 360 степени. Моделот има дополнителен слот за microSD картичка и сензор за отпечатоци. Опциите за поврзување вклучуваат NFC, Wi-Fi 802.11ac, Bluetooth 5.0 и USB тип-C конектори. Паметниот телефон работи со Android One, кој ќе обезбеди брзи софтверски ажурирања. Продажбата започнува во ноември по цена од околу 350 долари.