Huawei лансираше нов смартфон на преклоп во Кина. Huawei P50 Pocket е најновиот паметен телефон во категоријата флексибилни телефони. За разлика од Mate X-Series, P50 Pocket има механизам за преклопување, сличен на Samsung Galaxy Z Flip 3. Под хаубата има е сместен Snapdragon 888 чипсетот. Иако уредот има врвни спецификации, нема поддршка за 5G мрежа. Телефонот моментално е достапен во Кина, а се уште нема информации за лансирање на уредот на други пазари.

Huawei P50 Pocket ќе се продава во Кина за 1245 €. Oваа варијанта нуди 8GB RAM и 256GB простор за складирање. Има и премиум златна верзија со 12GB RAM и 512GB простор за складирање по цена од 1.520 евра. Телефонот доаѓа во црна и дијамантска бела боја.

P50 Pocket има 6,9-инчен преклопен екран со резолуција од 2790 x 1188 пиксели и засек за селфи камерата со отвор во горниот центар. Екранот има поддршка за брзина на освежување од 120 Hz и сооднос на ширина и висина од 21:9. Исто така, има touchample стапка од 300 Hz и нуди до 10,7 милијарди бои.

Однадвор има мал екран од 1 инчи, што е доволно корисно за проверка на известувањата, датумите, времето итн.

Под хаубата, телефонот има Snapdragon 888 чипсет со поддршка за 4G мрежа. Телефонот има до 12GB RAM и 512GB внатрешна меморија. Има батерија од 4000 mAh со поддршка за брзо полнење од 40 W.

Уредот има тројна камера на задната страна со примарен камера сензор од 40 MP и ултра широксензор од 13 MP. Има и сензор со ултра спектар од 32 MP. Кога е преклопен, уредот има дебелина од 15,2 мм и тежи 190 грама. Кога е расклопен, телефонот е тенок 7,2 мм. Нема мобилни услуги на Google и наместо тоа го користи Huawei HarmonyOS. Во моментов нема информации за лансирање на уредот надвор од Кина.