Во Кина е пронајден фосил од диносаурус стар 70 милиони години. Специфичен е по тоа што е склопчен во јајце.

Откривањето на фосилот на мал диносаурус совршено склопчен во јајце може да помогне во разбирањето на врската помеѓу диносаурусите и птиците.

„Коските од бебињата од диносаурус се мали и кревки, па ретко се фосилизираат – ова е навистина ретко. Тоа е неверојатен примерок. Работам на ова 25 години и не сум видела ништо слично“, рече Дарла Зеленицки, вонреден професор по геонаука при Универзитет во Калгари во канадската провинција Алберта.

Таа додаде дека малку се знае за тоа што се случувало во јајцата на диносаурусите пред да се изведат токму затоа што има многу малку ембрионски скелети, особено оние кои се целосни и зачувани.

Јајцето е долго околу 17 сантиметри, а должината на диносаурусот, кој е склопчен во јајцето, се проценува на 27 сантиметри. Научниците веруваат дека целосната возрасна големина на овој диносаурус е од 2 до 3 метри.

Извор: Klix.ba