Група астрономи предложија развој на телескоп кој би имал поголеми способности од во моментов најдобриот – Hubble.

Националната академија на науките, инженерството и медицината го објави истражувањето Astro 2020 во кое се наведени инвестициските планови за следната деценија кога станува збор за астрономска опрема и проекти во САД.

Меѓу препораките кои се издвојуваат и истражуваат е новиот огромен телескоп наречен Great Observatory (Голема опсерваторија), кој би го заменил постоечкиот вселенски телескоп Hubble. Поради застарениот хардвер, Hubble досега имаше голем број технички проблеми.

Затоа на астрономите им предлагаат развој на нов огромен телескоп кој би чинел 11 милијарди долари. Тој би работел на оптички, инфрацрвени и ултравиолетови бранови должини и би овозможил проучување на темната материја, потенцијално населливи егзопланети, неутронски ѕвезди и други космички објекти и феномени.

Телескопот, исто така, ќе ја зголеми потребата за вонземски живот што напредуваше во последните години. Некои водечки научници и организации спроведуваат проекти насочени кон пронаоѓање на интелигентен живот во вселената. Минатиот месец, научниците од шведскиот универзитет во Упсала објаснија дека бараат сигнали од вселенските структури, познати како Дајсонови сфери, за да пронајдат хиперинтелигентен вонземски живот.

Новиот телескоп би го заменил Hubble, кој се ближи до крајот на својот животен век, а исто така би овозможил набљудување на далечни планети кои се 10 милијарди пати послаби од нивните ѕвезди.

Hubble беше лансиран во 1990 година и оттогаш има снимено повеќе од 1,5 милиони вселенски набљудувања. Сепак, проблемите со единицата PCU ги прекинаа сите операции на телескопот повеќе од еден месец во јуни, а тоа е уште еден потсетник дека хардверот на телескопот старее и дека во одреден момент во оваа деценија може да откаже. Затоа има нови амбициозни проекти како телескопот James Webb и Great Observatory.

Извор: Klix.ba