Истражување спроведено во Холандија покажува дека употребата на кружен тек го намалува бројот на несреќи за 50 проценти во споредба со стандардна раскрсница

Сепак, освен фактот дека бројот на сообраќајни несреќи е преполовен со воведување на кружен тек, бројот на повредени учесници во сообраќајни несреќи се намалува за цели 70 проценти.

Бројот на повредени патници во возилата се намалува за 95%, пешаците за 89%, а на велосипедистите, кои веќе припаѓаат на најранливите групи учесници во сообраќајот, за 30%.

Слична студија во Германија покажува дека воведувањето на кружен тек го намалува бројот на несреќи за 44%, а во Шведска за 47%.

Покрај зголемувањето на безбедноста во сообраќајот, воведувањето на кружен тек наместо стандардна раскрсница го намалува и времето на чекање, бидејќи сообраќајот е пофлуиден, а тоа има позитивен ефект врз околината, затоа што се намалува количината на издувни гасови.

Извор: Додај Гас