За децата, играњето со играчки и предмети не е само забава, туку и начин на учење како работи светот. Сега, научници креираа робот со вештачка интелигенција кој учи на истиот начин како и децата.

Новата технологија која ја користи роботот му помага да научи како функционираат работите и околината.

Научници од Департманот за електрично инженерство и компјутерски науки развија систем на учење кај робот со вештачка интелигенција. Системот му помага на роботот да ги визуелизира последиците од неговите идни акции и да научи како се движат предметите низ времето и просторот.

Оваа технологија е наречена Vestri, а научниците ја нарекуваат уште и „визуелно предвидување. Таа му овозможува на роботот да манипулира со предмети кои ги нема видено претходно, па дури и да избегнува предмети кои му се доближуваат или му се наоѓаат пред патот.

Важно е да се напомене дека системот почнува да учи од tabula rasa, без притоа да има било каква помош или претходна припрема. Ова е значителен технолошки напредок, бидејќи нема потреба десетина програмери да прават код со кој роботот ќе може да препознава секојдневни предмети.

Предводени од асистентот Сергеј Левин, научниците направија робот кој може да предвиди што ќе види во камерата доколку изврши одредена акција.

„На истиот начин на кој ние знаеме како нашите постапки ќе влијаат на нашата околина, така и роботот може да визуелизира што ќе се случи доколку направи некакво движење или помести некој предмет“, рече Левин.

Роботот беше оставен да си „игра“ со играчки и предмети за да го научи нивното движење, однесување во време и простор, и на крајот, да научи како да ги користи.