Пред само неколку дена се дозна дека Apple нема да зависи од OLED панелите на Samsung за новите модели на iPhone кои ќе бидат презентирани наесен.

Според The ​​Korea Times, LG Display ќе добие нарачки за 3 до 5 милиони дисплеи. Причината за ова е дека корејската компанија се уште е во процес на градење на капацитети за овој тип на панели и не е подготвена да произведе поголеми количини.

Компанијата од Купертино има намера да го прекине практичниот монопол на Samsung на пазарот на OLED екрани и инвестираше 2,7 милијарди долари за соработка со LG.

Овие количини ќе немаат некое посебно влијание врз целокупната слика, со оглед на фактот дека пред година Samsung доби нарачка од 110 милиони екрани за iPhone X. Вклучувањето на LG ќе послужи и за создавање притисок врз главниот производител, за намалување на цените на панелите кои се меѓу главните фактори за високата цена на iPhone X.