Компанијата Tesla предводена од Елон Маск, продолжува да произведува необични гаџети.
Извршниот директор на Tesla, Елон Маск има способност да продава необични гаџети кои често имаат мала врска со основната дејност на компанијата.
Последниот пример е „Cyberwhistle“, со цена од 50 долари, а станува збор за колекционерски свирче во форма на сајбер камионот на Tesla (Cybertruck). Најинтересно е што свиречето веднаш се распродаде.
Blow the whistle on Tesla!https://t.co/c86hLA0iQK
— Elon Musk (@elonmusk) December 1, 2021
Cyberwhistle е врвен колекционерски предмет, изработен од медицински нерѓосувачки челик и полиран финиш. Свирчето може да се закачи, што му дава дополнителна функционалност.
Компанијата го планира овој производ веќе некое време – слично на случајот со даската за сурфање на брендот Тесла, по цена од 1.500 долари.
Cyberwhistle се распродаде само неколку часа откако беше пуштен во продажба и се чини дека Тесла ќе продолжи со производството на овој гаџет, според онлајн продавницата на компанијата.