Извештаите на Financial Times укажуваат на тоа дека Nvidia е подготвена да го купи ARM Holdings, а се сугерира дека компанијата за оваа аквизиција на актуелниот сопственик SoftBank ќе му исплати 40 милијарди долари.

SoftBank Group е јапонска холдинг компанија, што во 2016. година го купи ARM за 32 милијарди долари. Nvidia дел од трансакцијата ќе покрие со сопствени делници.

Доколку аквизицијата биде извршена, ова би можело да претставува едно од најголемите спојувања на технолошките компании од доменот на пазарот на процесори. Nvidia би имала значаен пристап до различните решенија на пазарот на чипови, од мобилните процесори до најмоќните суперкомпјутери.