Пазарот на уреди за виртуелна реалност (VR) доживеа пад од околу 34 отсто во вториот квартал од годината, според податоците на аналитичката компанија IDC. Намалувањето, сепак, е привремено и со издавањето на новите модели Oculus Go и HTC Vive Pro се очекува пазарот да ја врати позитивната динамика.

VR уредите кои работат во тандем со смартфони и без сопствени дисплеи имаа огромна побарувачката на почетокот, но подоцна интересот за нив почна да слабее. Додека во втората четвртина на 2017 година испораките на таквите уреди беа еден милион уреди, во периодот април-јуни 2018 година пазарот се намали до 409 илјади парчиња.

Virtual reality headset, illustration.

Токму VR уредите без екрани се главен виновник за падот на пазарот како целина, регистриран во изминатото тримесечје, забележува IDC. Значаен регрес од над 37%, исто така, е забележана кај VR гарнитурите, кои работат во компјутерски тандем или т.н. „Tethered VR”. Лидерот во овој сегмент, HTC достави 111.000 парчиња во овој квартал, додека Oculus и Sony испорачаа 102.000, односно 93 илјади уреди.

Во исто време, испораките на автономни VR уреди значително се зголемија, со стапка на раст од 418 проценти. Повторното оживување главно се должи на моделите Oculus Go и Xiaomi Mi VR, од кои беа испорачани 212 илјади парчиња.