Nvidia вчера го најави својот уводен говор што ќе се одржи на 4. јануари. Така, истиот ден ќе добиеме главни најави од Intel, AMD и Nvidia.
AMD ќе биде првиот, со воведна презентација со почеток во 15:00 часот, но објавата на Nvidia не заостанува, а планирано е да започне во 16:00 часот на 4 јануари. После тоа, Intel ќе ги објави своите најави во сегментот од 45 минути, со почеток во 18:00 часот.
Nvidia ветува дека ќе ги прикаже „најновите откритија во забрзаното пресметување, од дизајн и симулација до игри и автономни машини“, така што ќе бидат опфатени широк спектар на теми. Една од гласините тврди дека ќе видиме нови RTX 3080 Ti и 3070 Ti графички процесори за лаптопи, а можеби и ажурирани картички од серијата RTX 30 со повеќе VRAM.
На излагањето на AMD, гласините тврдат дека ќе видиме нови Ryzen процесори со 3D V-Cache и нови графички картички RX 6500 XT и RX 6400 од почетно ниво. Се шпекулира дека Intel ќе претстави 12th Gen Core процесори за лаптопи и Arc Alchemist графика за лаптопи.