Голем астероид кој NASA го означува како „потенцијално опасен“ ќе помине покрај Земјата наредната недела.
Станува збор за астероидот 4660 Nereus кој ќе влезе во орбитата на Земјата на 11 декември и ќе биде блиску до нашата планета како никогаш досега. Но, нема причина за паника, тврди Борис Шустов од Институтот за астрономија на Руската академија за науки.
Астероидот ќе помине покрај Земјата на оддалеченост од 7,4 милиони километри, така што нема ризик“, изјави Шустов.
Астероидот е голем како три фудбалски терени, а се приближува до Земјата на секои 10 години. Неговите „редовни посети“ го прават да е редовен кандидат за следните роботски мисии бидејќи се верува дека е богат со никел и железо.
Иако моментално не претставува закана, Nereus го следат вселенските агенции за да се осигураат дека нема да го промени патот.
NASA минатата недела ја започна мисијата Double Asteroid Redirection Test (DART) која има за цел да ја заштити планетата од катастрофални судири со вселенски објекти.
Извор: Klix.ba