Научници открија траги на древен метеорит за кои веруваат дека ги кријат тајните за настанокот на животот – не само на нашата планета, туку во целиот универзум.

За потребите на новото откритие беа проучувани камења кои се формирани пред раѓањето на нашиот Сончев систем, пред 4,5 милијарди години. Со поглед во далечното минато, астрономите пробуваат да разберат како Земјата почнала да поддржува живот.

Со новите откририја, научниците ќе можат да откријат не само како настанал животот, туку и дали има живот надвор од нашата планета. Тие потврдија дека важните органски материјали се формирани во почетоците на нашиот сончев систем. Со проучување на изотопскиот потпис на содржината на камењата, тие ги пронајдоа така наречените „отпечатоци“ или клучни елементи – кислород, водород, нитроген, сулфур и јаглерод.

Ако ваквите органски материјали можат да се формираат во прилично едноставни процеси во раниот сончев систем, тогаш тие можат да бидат формирани секаде. Со други зборови, тоа значи дека живот и жив свет може да биде пронајден на скоро било кое место во нашиот Сончев систем.

Овие пронајдоци беа направени во Универзитетот во Манчестер, каде се проучуваше неверојатно редок камен/метеорит наречен carbonaceous chondrites, кој опфаќа само неколку проценти од сите метеороити кои некогаш паднале на Земјата.

„Земјата е динамично место. Поради појави како поместување на тектонските плочи и ерозиите е избришан голем дел од историјата на Земјата кој би можел да ни помогне за подобро да го проучиме живиот свет“, вели Роман Тартес од Училиштето за Земјата во Манчестер.