По претходните штури вести дека Huawei ќе лансира нов телефон со екран на преклоп од висока класа, кој користи шема на преклопување на горната и долната страна, слично на Samsung Galaxy Z Flip3, ни пристигнуваат нови информации.
Денес, доверлив извор од Кина откри дека снабдувачот на шарки Zhaoli Technology започнал масовно производство на нова шарка за новиот преклопен телефон на Huawei, кој бара помалку делови и обезбедува повеќе преклопувања од неговиот претходник.
Блогерот истакна дека новиот телефон на Huawei има поминималистичко решение во делот на шарките, но во никој случај не го намалува квалитетот на готовиот производ и проблемите со стапката на употреба, пренесува SparrowsNews.
Според извештаите, новиот уред има модерен изглед, богата шема на бои и доколку се биде во ред, може да се најде во продажба веќе кон крајот на декември.