Излезе најновото ажурирање за Google Messages, а со него и нови интересни детали. Имено, се работи за анализа која покажа дека Google Messages наскоро ќе добијат end-to-end енкрипција.

Google Messages претставува RCS сервис во комуникација и претставува наследник на SMS сервисот. Она што беше желба на Google е Android да добие свој сервис за испраќање пораки, како што тоа се се iMessage и Signal. Главната имплементација на оваа технологија донесе збрка минатата година во САД, но американските телекоуминикациски компании сега се веќе подготвени во 2020. година да им го понудат својот RCS сервис на корисниците.

Google оваа платформа ја претстави во 2018. година, а подоцна во текот на истата година објави дека оваа функција ќе им биде претставена само на корисниците во Соединетите Држави. Внатрешноста на оваа апликација содржи неколку линии на кодот кои нудат траги за можните идни функции на апликациите, вклучувајќи ги оние кои се однесуваат на шифрирањето. Засега нема повеќе информации за ова, само тоа дека во кодот е програмирано дека на корисниците ќе им биде овозможено да одлучат дали ќе им дозволат на другите апликации кои имаат пристап до пораките да видат дали се шифрирани или не. Засега не постои друг начин да дознаеме нешто ново во врска со ова, но штом компанијата напомена дека работи на оваа технологија, ни останува да ја почекаме имплементацијата во пракса.