Паметните телефони на Samusung остануваат најпродавани, но за првпат во второто тромесечие од 2018 година, кинескиот произведувач Huawei продаде повеќе уреди отколку Apple, покажуваат податоците објавени од страна на Gartner.

Во второто тромесечие од оваа година, Huawei за првпат го надмина Apple по продажба на паметни телефони. Кинескиот произведувач од април до јуни продал 54 милиони паметни телефони, со што е на второто место во светот по продажба на телефони.

На првото место сепак останува Samsung, со продадени повеќе од 70 милиони уреди во истиот период. Gartner додава дека продажбата на телефони во второто тромесечие на 2018 пораснала за два проценти во споредба со истиот период во 2017 година.