Huawei наскоро ќе претстави нов паметен часовник кој ќе има прилично ретка функција. Компанијата доби сертификат за уред за носење кој го мери крвниот притисок на корисникот.
Еден кинески дојавувач пронајде промотивна фотографија од уредот наречен Huawei Watch D и веднаш ја објави на Weibo. Извештаите велат дека часовникот ќе биде објавен кон крајот на декември.
Производот е во завршна фаза на тестирање, а според зборовите на типстерот, стапката на прецизност му е навистина добра. Watch D ќе биде еден од ретките паметни часовници за мерење крвен притисок, а со својот дизајн ќе биде единствен во портфолиото на носечките уреди на Huawei, пренесува Sparrows news.
Сите останати часовници на компанијата имаат или кружен дизајн со две копчиња или правоаголен екран на допир со едно универзално копче на десната страна.
Watch D е веќе сертификуван како медицински уред од класа II од Државната администрација за лекови, но може да потрае некое време додека Huawei не го добие потребното одобрение во други земји.