Пред неколку дена видовме рендер од претстојниот паметен часовник Samsung Galaxy Sport, а сега ни пристигнувааат три нови фотографии, кои повеќе го прикажуваат дизајнот и карактеристиките на носечкиот уред.

Покрај сребрената варијанта, која ја видовме претходно, Galaxy Sport ќе биде достапен и во црна, сина и златна верзија. Бојата на избрусениот метал се сложува со гумениот ремен на паметниот часовник.

Доколку рендерите се покажат како автентични, се очекува дека Galaxy Sport ќе има нешто подебела рамка околу екранот. Tizen OS најверојатно ќе пристигне со OLED прилагоден дисплеј, за да се замаскираат подебелите рамки.

Galaxy Sport е веќе сертифициран од бројните агенции, што сугерира дека наскоро ќе биде објавен. Паметниот часовник веројатно ќе биде претставен на настанот Unpacked на 20. февруари, заедно со Galaxy S10 линијата смартфони.