Јодот е неопходен за работата на штитната жлезда која го регулира метаболизмот, од чија правилна работа зависи целиот човечки имунолошки систем.

Одамна е познато дека јодот е неопходен за правилното функционирање на нашиот организам, но тоа што не го знаат сите е дека истиот е минерал кој ги убива бактериите, вирусите и габите.

Д-р Гери Ворен, главниот истражувач на престижната американска компанија SAIC, во своето истражување „Research Gate“ укажал дека внесувањето на јодот се смета за поттикнувач на намалување на пренесување на Ковид-19 и смртност од истата болест.

Тој исто така докажал дека дневниот внес на максимално препорачаната количина на јод доведува до апоптоза – клеточна смрт на клетките заразени со вирус, спречувајќи негово понатамошно ширење.

На овој начин може да се заштитиме себеси едноставно со зголемување на дневниот внес на јод на 30 микрограми, во состав со препораките на СЗО.

Сега е најважно да се води сметка за здравјето, здраво да се храниме и да го зајакнеме нашиот имунитет, па да спречиме повторно ширење на вирусот.

Исто така доколку не можете да се изборите со вишокот килограми, доколку често наутро се будите уморни, а во текот на денот без причина сте нервозни, доколку имате проблеми со концентрацијата и помнењето, вашиот тен ја губи свежината, а косата ви е сува и ви опаѓа, веројатно ви недостасува јод.

Ендокринолозите укажуваат дека ниското ниво на јод може да го забави метаболизмот. Храната тогаш се складира како маснотии, што доведува до дебелеење.