Русите создадоа дронови убијци чија задача е да ги ловат останатите дронови на непријателските држави. Директорот за меѓународна соработка и регионална политика на државната руска компанија Rosteh, Виктор Кладов, нагласи дека преку електромагнетен импулс сега можат да ги уништат другите донови во радиус од 1 до 1.5 километри.

„Овој дрон функционира едноставно. Само треба да го насочите оружјето и да го стиснете копчето. Електромагнетниот импулс ќе ја онеспособи електрониката на другите донови кои или паѓаат или продолжуваат да летаат, но ја губат врската со оние кои ги испратиле. Апаратите стануваат слепи и бескорисни“, изјавил Кладов.