Apple е највредниот светски бренд за 2018 година, со вредност од 214,4 милијарди долари, што претставува за 16 отсто повеќе од претходната година, покажува традиционалната годишна ранг листа на Интербренд.

На второ место е Google, чија вредност се зголеми за десет проценти и сега изнесува 155,5 милијарди долари, а на третото место е Amazon, кој вреди 100.7 милијарди долари, односно за 56 отсто повеќе од минатата година.

Следен на листата е Microsoft, кој се проценува на 92.7 милијарди долари, што претставува зголемување од 16 отсто, а Coca-Cola е петтиот бренд, чија вредност иако намалена за пет отсто, изнесува високи 66,3 милијарди долари. На шестото место е Samsung, чија вредност е зголемена за шест проценти во однос на минатата година, и изнесува 59,8 милијарди долари.