Компанијата Rolls-Royce тврди дека нејзиниот електричен авион остварил рекордна брзина од 623 километри на час, со што се поставени три нови светски рекорди.

Електричниот авион Spirit of Innovation поставил рекорд за најбрз електричен авион, за најбрз лето до 3.000 метри со време од 202 секунди како и  за најголема брзина во 15 километри која изнесува 292,8 км/час.

Компанијата ги отстапи сите податоци за рекордните летови на Меѓународната федерација за аеронаутика (FAI), одговорна за сертифицирање на глобалните аеронаутички рекорди.

„Се надеваме дека од FAI ќе ги потврдат нашите постигнувања“, соопштија од Rolls-Royce.

Според нив, авионот достигнал досега најголема забележана брзина за сите типови електрични возила.

Авионот користи електричен погон со сила од 400 kW, како и батерии кои  го напојуваат.