И покрај сите полемики што следеа по дизел скандалот, останува вистината дека новите автомобили трошат повеќе од фабрички декларираното. Направено истражување покажува дека ниту пресметките кои го прикажуваат нивото на емисии на јаглероден диоксид немаат допирни точки со реалноста.

Во просек, новите возила трошат 39% повеќе гориво отколку што е наведено од страна на производителот, а информациите се однесуваат на анализирани податоци од 2017 година. Студијата ја спровел Меѓународниот совет за чист транспорт (International Council on Clean Transportation – ICCT), кој користел податоци за околу 1,3 милиони возила од осум европски земји. За време на работата, истражувачите се потпреле на 15 релевантни извори.

Од истражувањето произлегува дека напредокот во однос на 2016 година се гледа само во еден процентен поен, што главно е резултат  на манипулациите на производителите по однос на азотните оксиди и СО2.

Меѓународниот совет за чист транспорт (ICCT) ја анализира потрошувачката на гориво на новите возила од 2012 година, но испитувал податоци и од минатото. Така, се наведува дека за 2001 година, отстапувањето на декларираното од реалноста било само 8%, па според тоа очигледно е дека производителите „ја оптимизирале“ потрошувачката само за потребите за тестирање, а не за да постигнат вистински ефект во однос на зачувувањето на природата .

Целиот текст можете да го прочитате на порталот Додај Гас