Најголемите копнени месојади на светот, поларните мечки, ќе изумрат во следните 30 до 40 години, предвидува едно истражување од 2013. година

Нивната судбина е директно поврзана со климатските промени и губењето на мраз на Арктикот, кој е нивно главно место за лов. Наједноставната формула за слабеење е: Јадете помалку и ќе загубите килограми. Новото истражување, меѓутоа, покажало дека таа формула исто така се манифестира и на светската популација на поларните мечки.

„Мораат да уловат барем една фока секои пет до десет дена, тоа е само за преживување. Ако не успеат во тоа, губат на тежина, што потоа влијае на други работи како нивното здравје, репродуктивниот капацитет и така натаму“, вели американскиот научник Џорџ Дарнер.

Климатските промени, кои се создале како последица на човечките активности, значат намалување на мразот и пократок период на сезоната на лов, а тоа значи дека мечките мораат да вложат повеќе енергија за да дојдат до храна.

„Но, ако го намалиме тој период, на пример ако мразот се топи порано во текот на летото, тогаш поларните мечки ќе немаат платформа за лов на фоки“, објаснува Дарнер.

Ново истражување се однесува на податоци кои научниците ги собрале набљудувајќи снимки од камерите кои ги поставиле, а на кои се гледа како мечките ја минуваат сезоната на лов.

„Се гледа како мечките минуваат преку замрзнатото море, се гледа како подготвуваат дупка од која би требало да ловат фоки“, вели Дарнер.

Истражувањето, исто така, покажало дека мечките во текот на сезоната на лов, кога би требало да се здебелат, тие всушност губат 10 отсто од телесната тежина.

„Ќе биде само полошо. Ситуацијата за поларните мечки не е добра, што би можело да има влијание и на нас луѓето“, смета Дарнер.

Тој предупредува дека најзагрозени се малите мечки, што значи дека е загрозен и долгорочниот статус на поларните мечки.

Извор: B92.net