Комплексот се состои од неколку простории и отворен двор, а се верува дека го користеле жителите на Ерусалим.

Подземниот комплекс врежан во карпа пред околу 2.000 години бил откриен во близина на ерусалимскиот Западен ѕид, објавиле израелските археолози.

Комплексот се состои од неколку простории и отворен двор, а се верува дека го користеле жителите на Ерусалим пред Римјаните да го уништат Вториот храм по опсадата на градот.

Истражувачите откритието го нарекле “неверојатно” и додале дека уште не знаат за што служела таа градба, која пред 1.400 години, во време на Византија, била прекриена со друга зграда.

Остатоци од Вториот храм

„Прашање е зошто толкав труд и материјали биле искористени за врежување на подземни простории во тврдата карпа”, велат Барак Моникендам-Гивон и Техила Садиел, лидери на ископувањето.

Во комплексот биле пронајдени неколку предмети, како кујнски прибор, остатоци од ламби и делови од камени чинии кои се користеле во еврејски ритуали.

Западниот ѕид е еден од преостанатите ѕидови од уништениот Втор храм и се смета за едно од најважните светилишта на јудаизмот.

Извор: Aljazeera