Samsung подготвува ново софтверско ажурирање за постарите Galaxy паметни часовници  што носи неколку нови функции и низа нови лица нна часовникот како дел од карактеристиките за персонализација. Ажурирањето пристигнува за паметните часовници Galaxy Watch, Galaxy Watch Active, Galaxy Watch Active2 и Galaxy Watch3. Еве што можеме да очекуваме.

Првата додадена карактеристика е детекција на пад што идентификува сериозен пад на вашиот уред. На Galaxy Watch Active2 и Galaxy Watch3, новото ажурирање им овозможува на корисниците да подесат поголема чувствителност за детекција пад. Кога часовникот ќе открие пад, ќе испрати SOS известување до претходно избраните контакти, помагајќи да се осигура дека корисникот може да ја добие потребната помош што е можно поскоро. Оваа функција не е достапна за корисниците на Galaxy Watch и Watch Active.

Потоа, носечките уредите добиваат функција за групен предизвик што ви овозможува да вежбате со пријателите без разлика на растојанието. Можете да додадете пријатели или членови на семејството во предизвикот. Оваа функција ви овозможува да работите како тим или да се натпреварувате едни против други.

Паметните часовници добиваат и некои напредни здравствени функции покрај постоечките отчукувања на срцето, следење на кислородот во крвта, следење на спиењето и стресот. Корисниците на одредени пазари добиваат и мониторинг на крвниот притисок (BP) и електрокардиограм (EKG). Ова се однесува само на Galaxy Watch Active2 и Galaxy Watch3 бидејќи Samsung ја воведе оваа функција на Galaxy Watch4 на четири нови пазари – Австралија, Азербејџан, Парагвај и Грузија. Во моментов, оваа функција е достапна на вкупно 42 пазари во рамките на апликацијата Samsung Health Monitor.

Конечно, Samsung додава 10 дополнителни лица на часовникот од новиот Galaxy Watch4. Можете да прилагодоте и некои од овие лица за да добиете повеќе опции за персонализација.