Huawei има интересна идеја како да го привлече вниманието на потрошувачите кон паметните часовници. Кинеската компанија развива нов уред кој целосно ќе се фокусира на љубителите на гејмингот. Моделот ќе има уникатен дизајн и карактеристики оптимизирани специјално за игри. Huawei патентира во Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO) концепт на таков паметен часовник со кој управува единствен механизам. Корисниците ќе можат да вршат навигација со движење на просторот околу екранот.

На овој начин, со движења во различни правци, тие ќе бидат во можност да управуваат со ликовите о игрите, што од Huawei сметаат дека е корисно и доволно интуитивно. Let’sGoDigital, исто така, објави неколку скриншоти, кои понатаму откриваат каков е концептот на компанијата. На фотографиите се гледа како гејмер може со ротации на металната рамка околу дисплејот да управува со автомобил или да ги движи ликовите во игрите во насоката која сака. Уредот исто така ќе ви овозможи да копирате и означите текст од СМС, е-пораки или други известувања.

Информациите околу патентот открива дека Huawei ќе дозволат на гејмерите да користат широк спектар на гестови и движења како влечење на прстот, клик, долго притискање и дури тресење на екранот. Паметниот часовник ќе понуди различни контролни функции кога се во режими на портрет и пејзаж. Во заклучок ќе дополниме дека предметниот модел ќе има вградена камера и ќе се продава на пазарот со дополнителна серија од каишки во различни бои.