Астронаутите на Меѓународната вселенска станица добија предупредување за опасност од вселенски отпад и наредено им е да пронајдат засолниште.
Руските космонаути преминаа во леталото Сојуз, а американските астронаути во својот модул. Вселенскиот отпад, кој веројатно претставува остатоци од сателити, ќе мине денеска покрај Меѓународната вселенска станица.
Во средата Станицата направи маневар за да се тргне од патот на вселенскиот отпад.
Станува збор за делови од кинески метеоролошки сателит уништен во текот на тестирање на проектил во 2007 година.
Екипажот имаше два дена да се подготви за доаѓање на вселенскиот отпад, но овој пат немаше време за маневар па астронаутите добија наредба да се повлечат во своите вселенски летала поради евентуална евакуација.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли