Американската компанија Спејсекс (SpaceX)  и НАСА лансираа тајно беспилотно вселенско летало и успешно ја приземјиа ракетата „Фалкон 9“, која носеше товар вклучувајќи намирници, но и бактерии отпорни на антибиотици кои требаше да бидат тестирани на Меѓународната вселенска станица.

Според американските медиуми, на ова лансирање НАСА за првпат користи ракетен систем на компанијата SpaceX. Станува збор за минијатурна верзии на шатл без екипаж, познат како X-37B Orbital Test Vehicle, но неговата мисија е тајна.

Деталите за мисијата НАСА-SpaceX се класифицирани и најверојатно не се поврзани со ураганот Ирма, иако медиумите го проблематизираат тоа што на видео снимката немоѓе да се види самото лансирање на леталото.