Instagram пробува да му ги преземе корисниците на TikTok, па најпрвин го воведе видео форматот Reels, а сега пристигнаа и други опции кои веќе се популарни на ривалската апликација.

Една од новите опции на Instagram е претворање на текстот во автоматски генериран глас, односно можност за „роботско“ читање на напишаниот текст на видео записите.

Kога корисникот ќе напише текст за видео, ќе има можност за избор на автоматски генерирана гласовна интерпретација. Таа опција се наоѓа во левиот долен дел на екранот. Можно е да се изберат две гласовни опции. Со ова Reels ќе станат подостапен, а опцијата е популарна и на TikTok, бидејќи некои креатори сметаат дека нивните видео клипови се така поинтересни.

Instagram воведе и Voice Effects за Reels. На креаторите им овозможуваат да го менуваат својот глас на неколку начини, меѓу кои е и гласот кој се добива по вдишување хелиум. Исто така, достапен е и гласот на спортските коментатори, роботи и други опции.

Извор: B92.net