Веќе извесно време се појавуваат информации за тоа дека годинашната испорака на претстојните iPhone 12 модели ќе биде одложена во споредба со она што не навикна Apple во минатото.

Сега и самата компанија Apple ги потврди овие новоди. Apple во текот на својот финансиски извештај истакна дека иако компанијата минатата година почна со продажбата на актуелната генерација на iPhone во септември, оваа година продажбата ќе биде одложена за неколку недели.

Се очекува дека оваа ситуација ќе влијае и на бизнис резултатите на компанијата во текот на следното тримесечје, со оглед на тоа дека новите телефони нема да бидат во продажба во текот на третиот квартал оваа година.

Според претходните гласини, новите iPhone модели ќе бидат претставени во текот на септември, но нема да се појават на пазарот пред октомври.