Акциите на Tesla паднаа речиси пет отсто, откако Извршниот директор Елон Маск изјави дека ќе продаде 10 отсто од акциите во компанијата, што е околу 20 милијарди долари според бројни проценки, а сето тоа се заснова на резултатите од анкетата што ја спроведе на Твитер минатиот викенд.
Според аналитичарот Даниел Ајвс, Маск поседува околу 23% од акциите на Tesla и има околу 10 милијарди долари даноци од акциите кои ќе се наплатат следното лето, пренесе АП
„Имам само акции, така што единствениот начин да платам даноци е да ги продадам акциите“, напиша Маск на Twitter.
Најголем дел од богатството на Маск се состои од акциите на Tesla.
Многумина на Волстрит претпоставуваа дека Маск може да продаде близу пет проценти од својот удел, додаде Ајвс, но изјави дека дури и удвојувањето на таа бројка не го загрижува Маск или неговата компанија.
Ајвс, неодамнешната анкета на Маск на Twitter ја нарече „уште една бизарна сапуница, која може да и се случи само на една компанија и на еден извршен директор во светот – Маск“.
Извор: RTV.rs
Поврзани артикли