Cyberpunk 2077 пристигна на 10. декември, но и покрај некои багови, оваа игра забележа нов рекорд по бројот на играчи кои истовремено играле во “single player” мод.

Рекордни 1,003,262 играчи се регистрирани како играат Cyberpunk 2077 во еден момент, откриваат Steam Database податоците. Ова и официјално го надмина претходниот рекорд од 472,962 играчи кој во 2015-та година го постави Fallout 4.

Со оглед на тоа што Cyberpunk 2077 е достапна и на GoG, Epic Games, Stadia и GeForce Now платформите, рекордот кој е забележан на Steam дефинитивно не го одразува вкупниот број на PC играчи.

На сето ова потребно е да се додадат и оние кои играат на конзолите. Cyberpunk 2077 во еден момент дури и целосно ја сруши Steam платформата.