Првите информации за Galaxy Tab A8 таблетот на Samsung се појавија во септември, потоа почнаа да се откриваат детали за спецификациите, а сега „протече“ и првиот официјален рендер.

Galaxy Tab A8 ќе биде „достапен“ таблет кој ќе чини 260 долари. Ќе има 10,5-инчен LCD екран со резолуција од 1.920×1.200 пиксели, формат 16:10 и брзина на освежување од 60Hz.

Таблетот ќе има четири звучници и поддршка за Dolby Atmos, а ќе бидат достапни и 3,5 милиметарски приклучок за слушалки и USB-C приклучок.

Куќиштето ќе биде изработено од алуминиум, а таблетот ќе го покренува Unisoc Tiger T618. Ќе има модел со можност за Wi-Fi конекција, но и модел кој поддржува и LTE мрежа.

Производството на Galaxy Tab A8 се очекува кон средината на декември, додека производството на S8 Plus и S8 Ultra модели со OLED екрани започнува кон крајот на јануари.

Уредите треба да бидат претставени во јануари или февруари.